Популарната пејачка Шакира одлучила малку да сопре со музичките обврски и да се посвети на зголемување на семејството, бидејќи повторно е бремена. Популарната пејачка го чека своето второ дете со фудбалерот Жерар Пике. И додека сите нивни мисли се усмерени на припремите за приновата, младиот пар има полни раце работа со својот син Милан. Но, Жерар сериозно ја има сватено улогата на татко, со што на Шакира многу и ја олеснува ситуацијата.

Пејачката открила дека сака да има големо семејство со својот сакан и дека е многу вклучен во се што се случува со Милан. Секогаш бил присутен, и не можела да замисли да биде поинаку. Пејачката се пошегувала дека сака да има осум или девет деца со Пике, односно цела фудбалска екипа. Се чини дека за свадба сеуште не размислуваат, бидејќи колумбијката смета дека имаат се што им е важно.