Колумбиската пејачка Шакира објавила фотографија од новородениот син Милан, кој бил фотографиран во прегратките на татко си, фудбалерот на Барселона Жерар Пике. Поп ѕвездата преку Твитер порачала дека фотографијата на нејзините „два ангели“ може да се види на веб страната на УНИЦЕФ, како и на нејзиниот Твитер профил.

На фотографијата малиот Милан, роден на 22 јануари во Барселона, спие во прегратките на својот татко, шпанската фудбалска ѕвезда, кој го бакнува во образот.