“Loca”, хитот на колумбиската пејачка Шакира објавен во 2010 година е  плагијат на песна кога на направил доминикански музичар во 1998 година, оценил њујоршкиот судија по завршувањето на судската постапка за кршење на авторските права. Во пресудата од 40 страници, објавена во средата, сојузниот судија Алвин Хелерштајн оценил дека “Loca” е плагијат на песна на доминиканскиот кантавтор Рамон Ариас Васкез, познат како Ариас.

На судењето кое се одвивало 11 дена во Њујорк, Ариас сведочел дека својата песна “Loca con su Tiguere” ја напишал помеѓу 1996 и 1998 година, па дури и ја отпеал на судското рочиште. Овој случај сега е проследен на понатамошно судење каде ќе се одреди колкав износ славната пејачка мора да плати. Шакир веќе е оптужена дека и својот голем хит, заштитната песна на светското фудбалско првенство 2010 година, „Waka Waka – This is Africa“, ка презела од карипски и африкански бендови од осумдесеттите години.