Прекрасната Шакира неодамна истакна дека многу посакува да има деца, и тоа што поскоро, но дека сега открила дека без оглед на се, не мисли никогаш да се омажи.


“Вистина е дека долго време сум свршена, но не мислам да се омажам. Никогаш!“, истакнува пејачката која додава дека и се допаѓа идејата цел живот да биде само нечија девојка.

“Има нешто романтично во тоа целиот живот да бидам само нечија девојка. Задоволна сум и ми се допаѓа ситуацијата во која моментално се наоѓам. Дефинитивно планирам да имам деца, но сеедно, не се гледам во венчаница“, вели убавата колумбијка, која е во љубовна врска со Антонио де ла Руа, син на претходниот аргентински претседател.