Колумбиската пејачка Шакира и шпанскиот фудбалер Жерард Пике наводно го чекаат првото дете. Веста почнала да кружи откако португалското списание “Jornal de Noticias” објавило дека пејачката токму поради бременоста го откажала концертот во Алмерија, кој бил закажан за 1 јуни, а не како што службено било објавено поради технички проблеми.


Сепак, некои од медиумите ја ублажувале веста, па одложувањето на концертот, за кој картите биле повлечени од продажба само неколку дена пред настапот на Шакира, го оправдуваат само со здравствени проблеми на пејачката. Популарните вереници не ја коментирале веста, а познато е дека досега сите убави вести ги делеле со своите обожаватели, воглавно преку друштвените мрежи. Се очекува доколку оваа вест е точна, наскоро да ја поделат со многубројните фанови ширум светот.