Колумбиската пејачка Шакира го имала својот прв телевизиски настап откако станала мајка, а во студиото го повела и својот син Милан.

Се разбира, на својот Твитер профил, набрзо потоа со фановите ја споделила фотографијата на која синчето и седи во скут. Шакира, која радо ги објавува фотографиите на својот малечок син, и овојпат се погрижила за неговиот стајлинг, па го облекла во карирана кошула под која имал маичка со кратки ракави. Милан прекрасно се вклопил помеѓу членовите на жирито, па дефинитивно го пленил целото внимание.