Колумбиската пејачка Шакира на фејсбук ја следат 86,4 милиони лица ширум светот, што ја става на првото место меѓу бројните славни личности. На второто место е Ријана а на третото Еминем. Меѓу бројните пејачи и актери, меѓу првите десет се нашол и фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо, кого преку Фејсбук го следат 76,1 милион лица.
Шакира изјавила дека секогаш сакала да има многу пријатели, но никогаш не ни сонувала дека ќе ги има повеќе од 85 милиони. Таа на своите обожаватели им порачала дека не може доволно да им заблагодари за поддршката. Многу била среќна што ги има.