Колумбиската пејачка Шакриа заедно со својот син Милан, кој има само 18 дена, го бодрела својот сопруг Жерар Пике на фудбалскиот натпревар помеѓу Барселона и Гетафе. Пејачката на својот Твитер профил напишала „Прв службен излет на Ноу Камп и тоа со бројот на таткото“.
Пике го постигнал шестиот последен гол за Барселона, а го посветил на својот син Милан и на својот Фејсбук профил се пофалил со фотографијата на сопругата и синот, кои го бодреле од трибините.