Колумбиската пејачка Шакира му подарила гитара на претседателот на Венецуела, Хуго Чавез. Гитарата била електрична и со црвена боја, а на инструментот ставила и свој автограм.
Министерот за информации на Венецуела веднаш поставил фотографија од гитарата на Твитер, како сите би го виделе подарокот на Шакира за Претседателот Хуго Чавез. Чавез се заблагодарил за подарокот и рекол дека останал до доцна во ноќта свирејќи на гитарата и пеејќи песни.