Спотот за својот најнов сингл “Loca” кој го снимала со британскиот рапер Дилан Квабен Милс, попознат како Дизи Раскал, Шакира го снима во Барселона. Во спотот се вози на мотор. Шпанските власти одлучиле да ја казнат пејачката бидејќи на главата не носела кацига. Покрај тоа за време на снимањето со фановите танцувала во градската фонтана што нималку не им се допаднало на полицајците.
Колумбиската убавица за, според шпанските власти, непримерното однесување ќе биде и казнета. Тврдат дека со танцувањето го нарушила јавниот ред и мир, а ќе ја казнат за да не помислат жителите на Барселона дека можат така да се однесуваат и да поминат неказнето.