Колумбиската пејачка Шакира била прогласена за уметник на година по изборот на фондацијата на напрестижниот американски универзитет Харвард. Шакира со воодушевување ја примила оваа вест, а наградата свечено ќе и биде предадена на 26 февруари.


Како што објасниле од Харвард, ја избрале токму неа поради нејзиниот музички допринос во културата, како добротворната работа и помош која ј пружила на жртвите од земјотресот на Хаити. Кога ќе ја прима наградта, Шакира ќе се најде во навистина добро одбрано друштво, бидејќи меѓу останатите добитници се среќаваат имињата на Шерон Стоун, Вил Смит, Мет Дејмон и Селма Хајек.