Пејачката Шакира и музичарот Роџер Вотерс ги здружиле силите и купиле остров на Карибите за 16 милиони долари. Каприпскиот остров Бондс Кеј, кој се наоѓа северно од Бахамите, станал сопственост на колумбиската ѕвезда Шакира и поранешниот член на „Пинк Флојд“ Роџер Вотерс.
Обајцата се надеваат дека ќе придонесат за развојот на локалниот туризам, изградбата на луксузни хотели и вили, како и уметнички галерии. Бондс Кеј има три заливи, пет плажи и неколку водопади. Се очекува островот да стане ново засолниште на познатите личности кои сакаат да побегнат од очите на јавноста.