Иако играчите на Барселона веќе почнаа да тренираат, играчите кои играа на неодамна завршеното Европско првенство во Полска и Украина добија неколку дополнителни денови од годишниот одмор. 
Додека соиграчот на Пике, Андрес Ињеста со својата сопруга ужива на “меден месец” во Канкун, Жерар Пике и Шакира одлучија да ги посетат Соединетите Американски Држави.
Популарниот пар веќе некое време ужива на Флорида, а со тоа го посетија “аква паркот” во Мајами.

Иако доста често гледаме како парот разменува бакнежи, во текот на оваа посета тие добија сосема поинаков бакнеж, тие добија бакнеж од китот-убиец кој живее во “аква паркот”.