Играчот на Барселона Жерард Пике и неговата девојка, колумбиската пејачка Изабел Мебарак Риполи Шакира, ќе организираат заедничка роденденска забава. Обајцата се родени на втори февруари, но Шакира е десет години постара од него. На прославата во Барселона ќе присуствуваат 150 гости. Пике не можел да дочека до роденденот, па на својата сакана предвреме и го врачил подарокот, автомобил “mercedes benc SLK” вреден 50 илјади евра.

Она што овој автомобил го правел посебен биле индикаторите за ограничување на брзината, интелегентните светла, систем за предупредување на замор, како и детски седишта. Иако првобитно автомобилот чинел 80 илјади евра, Пике решил неговите карактеристики да ги прилагоди за патиштата во Барселона, па производителите му ја намалиле цената на автомобилот.