Колумбиската пејачка Шакира вчера се породи и на свет донесе уште едно момче. Шакира и нејзиниот партнер, фудбалерот на Барселона Жерар Пике, веќе имаат еден син Милан, а пејачката се породила со царски рез во едно породилиште во Барселона.

 

Тие двајца, како што пренесуваат шпанските медиуми, закупиле цел кат во болницата, а Шакира ја породил истиот лекар како и со првото дете. Славниот пар на синот повторно му дал словенско име, овој пат Саша. Нивниот прв син, кој веќе има две години, се вика Милан.