Поп ѕвездата Шакира на својата интернет страница објавила дека таа и нејзиното момче, фудбалерот на Барселона Жерар Пике, се многу среќни бидејќи го очекуваат доаѓањето на свет на нивното прво дете. Повеќе детали не биле соопштени, пренеле медиумите.

Медиумите навеле дека Шакира ги одложила своите промотивни активности и дека нема да се појави на фестивалот “Ај Харт Рејдио“ во Лас Вегас во петок. Шакира во едно интервју рекла дека е спремна да биде мајка, велејќи дека навистина би сакала да има голем стомак, додавајќи дека своевремено пејачката долго се забавувала со синот на поранешниот претседател на Аргентина, Фернандо де ла Руа, Антонио, и дека се разделиле минатата година.