Американскиот претседател Барак Обама ја ангажирал Шакира за советник во одборот за образование на Латино американците. Белата куќа пејачката на тоа место и официјално ја именувало во средата, а оваа чест и припаднала поради тоа што во 2005 година ја основала “Barefoot Foundation” која гради училишта и им помага на сиромавите деца ширум светот.


Нејзиниот портпарол изјавил дека колумбиската пејачка е почестена што претседателот и ја доверил оваа одгворна улога. Таа досега самата помогнала за школување на 6000 деца во Колумбија. Не е тајна дека таа е голема обожавателка на Обама и почитувач на неговата работа. Тие веќе соработувале минатата година кога разговарале за реформи во имиграциониот закон.