Колумбиската поп звезда Шакира, која моментално во Израел ја промовира својата кампања во корист на образованието, посетила едно израелско-арапско мешовито училиште во Ерусалим. Шакира која е и амбасадор на Обединетите Нации, во таа прилика ја нагласила потребата за вложувања во образованието. Таа истакнала дека начинот на кој ги образоваме нашите деца е од пресудно значење за подобро утре.
Изјавила дека би било сјајно кога светот би делувал како тим и кога би се извојувала победа против дискриминацијата и нееднаквоста. Колумбиската пејачка со либанско потекло основала неколку добротворни фондации посветени на развојот и унапредувањето на образованието. Таа во Израел допатувала со својот партнер, фудбалерот Жерард Пике.