Колумбиската пејачка Шакира го оставила фудбалерот на Барселона Жерард Пике. Според американските медиуми, Шакира отпатувала од Шпанија, а Пике наводно ја изневерил со млада девојка. Пејачката и фудбалерот последен пат зедно биле видени на 26 септември.


Романсата на познатиот пар започнала на светското фудбалско првенство на кое Пике настапувал со шпанската репрезентација, а Шакира ја пеела химната. Пике во февруари потврдил дека се во врска така што на својот Фејсбук профил објавил нивна заедничка фотографија.