Шампионите на Европа и Шпанија, фудбалерите на Барселона по враќањето од Лондон во престолнината на Каталонија биле дочекани од околу еден милион навивачи. На спектакуларната прослава присуствувале сите играчи, а неколку од нив по завршувањето на парадата се упатиле на концерт на Шакира.


Колумбиската пејачка, инаку девојка на одбрамбениот фудбалер на Барселона Жерар Пике, за време на концертот повикала неколкумина од фудбалерите на бината, меѓу кои Пике, Чави, Бускетс, Виља, Кркич и им ги покажала малите тајни на танцувањето. Публиката била воодушевена и ги поздравила фудбалерите со огромни овации.