Латиноамериканската пејачка Шакира наводно е во блажена состојба. Светските интернет портали на големо пишуваат дека пејачката и фудбалерот Џерард Пике го чекаат своето прво дете. Медиумите исто така пишуваат дека пејачката и нејзиниот избраник купиле куќа во Барселона каде планираат да живеат.

Шакира наводно била во вториот месец од бременоста и би требало да се породи кон крајот на годината. Пике и Шакира се запознале во 2010 година, а иако се пишувало за нивно разделување, тие сеуште се заедно и се сакаат.