Колумбиската пејачка Шакира добила своја ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните. На церемонијата освен неколкуте стотини фанови и се придружиле и нејзините родители. Пресреќната пејачка легнала покрај својата ѕвезда и гордо им позирала на фотографите.
Ѕвездата ја посветила на сите латиноамериканци во САД. Шакира е првата колумбијка која добила ѕвезда во Холивуд, а во таа прилика изјавила дека кога за прв пат на седум години дошла во Лос Анџелес, се сеќава дека со својата мајка минала токму покрај патеката на славните. Тогаш нејзината мајка и рекла дека еден ден нејзиното име ќе биде на неа, а Шакира помислила дека луѓето ќе помислат дека е луда ако ја слушнат што зборува.