Францускиот министер за култура, Фредерик Митеранд, на 28 јануари во Кан на колумбиската пејачка Шакира и врачил престижно признание, односно витешки орден поради нејзиниот придонес во музиката.

На свеченоста присуствувале нејзините родители Надиа Рипол и Вилијам Мебарак Чадид. Пред колумбиската пејачка истото признание го добиле и Џорџ Клуни, Кајли Миног и актерот Џад Лоу.