Колумбиската пејачка Шакира, која неодамна потврдила дека таа и нејзиниот партнер фудбалерот Жерар Пике го очекуваат првото дете, во интервју за германската телевизија RTL го открила и полот на детето. Музичката ѕвезда открила дека чека син.

Таа изјавила дека би сакала нејзиниот син како и неа да поседува голема желба и ентузијазам за промена на светот на подобро. Шакира смета дека секој човек може да придонесе за напредокот. Таа веќе две години е во врска со фудбалерот на Барселона Пике. Колку е среќна со него потврдуваат и нејзините изјави за тоа дека шпанецот и ја донел најголемата среќа.