Првото биолошко дете на Анџелина Џоли (34) и Бред Пит (46) го прослави својот четврти роденден. Шајло е воодушевена од пиратите па токму тие биле тема на целиот роденден.


Децата добиле пиратски капи, пластични сабји, “ковчези со богатство“ и папагали за да се соживеат со роденденската приказна. Се шушка дека на прославата се појавил и Џони Деп (46), кого Шајло го обожава поради неговата улога во филмот “Пиратите од Карибите“, но тоа не е потврдено. Актерот моментално со Анџелина Џоли го снима филмот “Турист“.