Во организација на Шаховската федерација на Македонија викендов во Струга ќе се започне Отвореното првенство на Македонија во шах, „Опен Македонија“.


Првенството кое е од меѓународен карактер, ќе се игра по швајцарски систем во 9 кола, наградниот фонд изнесува 153.000 денари (поделен на 10 награди), од кој победникот ќе заработи 36.000, вториот 26.000, третиот 18.000 итн., а предвидени се и неколку специјални награди.

фото “Нова Македонија“
Ohridnews