Нуркачите од Нуркачкиот центар “Амфора“ од Охрид, ќе организираат неколку егзибициони натпревари во шах под вода за време на одигрувањето на Европскиот шампионат во шах кој од 3 до 11 октомври ќе се игра во Охрид.


Нуркачите очекуваат ваквиот необичен натпревар  да предизвика интерес како како кај  шахистите така и кај љубителите на нуркањето. Натпреварите се од отворен  карактер, а можност да играат шах  под вода ќе имаат сите.

Сите кои сакат да играт ќе посетат прво кратка обука по која ќе може да се натпреваруваат. Очекуваме доста интерес, а главен фаворит на турнирот ќе бидам јас. Не дека сум јас некој јак шахист туку не верувам дека ќе може да се концентрираат и на шахот и на нуркањето – вели Милутин Секуловски кој е меѓународен инструктор.

Охридските нуркачи  кои се познати по своите егзибиции, очекуваат со ваквите потези да го промовираат Охрид и охридското Езеро не само како туристичка туку и како нуркачка дестинација. 

М.П.