Средните училишта „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“ во Струга се добар пример за реализација на капитални инвестиции со сопствен буџет, забележа при денешната посета министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Во гимнaзијата „Ибрахим Темо“, посочи, целосно се реконструирани училниците, секоја со компјутрери, проектор и друг потребен инвентар.

Исто и во средното струшно „Нико Нестор“ ќе има капитални инвестиции кои ќе се релализираат со буџетот на училиштето и со поддршка на Локалната самоуправа. Во ова училиште годинава запишани се околу 400 ученици на повеќе струки, изјави Шаќири.

Основното училиште „Браќа Миладиновци“, пак истакна дека е влезено во програмата на МОН за 2022 година за целосна реконструкција.

Во фаза на одобрување е економскиот оператор. Работите треба да почнат во септември, а предвидено е целосна негова реконструкција внатре и надвор, изјави Шаќири.

OhridNews