На 17 мај ќе биде потпишан договор за грант вреден 3 милиони евра, со кој ќе се финансира реконструкцијата на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта, а воедно ќе се набави и нова спортска опрема за вкупно 50 спортски сали во склоп на основните училишта, објави на фејсбук министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Станува збор за објекти каде согласно анализата на МОН нотирана е најголема потреба од инвестиција заради подобрување на условите за спорт и рекреација, како основа за правилен физички и ментален развој на младите и за градење на здрави ученички генерации, вели Шаќири.

Проектот, потенцира Шаќири, нема да ја задолжи државата од финансиски аспект, затоа што се работи за добиени неповратни средства преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, за што сум искрено благодарен на Банката за развој при Советот на Европа.

Продолжуваме да работиме во интерес на учениците и обезбедување на услови за поквалитетно образование, пишува министерот Шаќири.

OhridNews