Сите стручни лица неуморно работеа не само на зачувување на статусот на УНЕСКО на Охридскиот регион, туку и да се придвижат работите кон подобро, рече директорка на НУ Завод и Музеј Охрид, Ирена Шајн, на денешната партиска трибина на СДСМ „Резултати што прават разлика“ на тема култура во Гостивар.
Успеавме да го зачуваме Охрид автентичен, а eзерото и натаму да е нашиот најубав бисер. Tокму преку УНЕСКО, нашиот Завод и Музеј користи донација за создавање на ГИС платформа за недвижното културно наследство и археолошките локалитети од Охридскиот регион со што ќе се обезбеди ВЕБГИС база на податоци која ќе може да ја користи и пошироката јавност а ќе се потхранува со податоци за недвижното културно наследство и заштитените археолошки локалитети собрани и документирани, рече Шајн.
Од 2019 година го реалзираме проектот за сплит ветилациските системи во музејските депоа со летен и зимски режим што доведува до продолжуивање на векот на музејските предмети и се избегнува постојаната нивна конзервација, додаде Шајн.
Како одредена власт или политичка опција се однесува кон културата, тоа го дефинира и нејзиниот однос кон вредностите и уште поважно кон иднината на земјата, како што нашиот концепт е за европски вредности и европска држава, нашиот концепт е за европска култура, истакна заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.
Оцени дека денес се демократизирани културните процеси, вратени се професионалните стандарди во институциите, ослободени се креативните процеси за сите уметници и дека се подобрени условите за работа и унапреден животниот стандард на вработените во културата.
Со политиките на СДСМ, како што рече, македонскиот јазик, култура и посебност се на исто рамниште со европските јазици.
Со државничките одлуки што ги носиме, потврдивме и осигуравме и европско и светско признание на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ова беше година на заштита на македонскиот јазик. СДСМ е горд за се она што го има направено за заштита, унапредување и признавање на македонскиот јазик, истакна Лукаревска.
OhridNews