Сезоната во македонскиот ракомет е поништена, откако Управниот одбор го прифати предлогот од Ракометната федерација на Македонија.
УО после одлуката за поништување на сезоната го разгледа и предлогот за проширување и поделување на Супер лигата. Предлогот е усвоен. Нови членови во македонската ракометна елита се Астраион, Прилеп, Јуниор Кисела Вода, Тиквеш, КЛ7 и Младост Богданци. Супер лигата ќе биде прошеина од 10 на 14 клубови, кои, ќе бидат поделени во две групи. Првите три на табелата од двете групи, заедно со сехалигашите Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат во плејофот додека преостанатите ќе се борат за опстанок.
Сезоната 2021-22 во Супер лига ќе играат вкупно 10 екипи. Покрај тимовите што играат плеј оф, таму ќе биде и победникот на плеј аут. Второпласираниот од плеј аут ќе игра бараж со првиот од Прва лига. Другите екипи испаѓаат во Прва лига.
На денешниот состанок УО му даде предност на Бутел Скопје пред Охрид за учество во Лига Европа. Вардар ќе игра директно во ЛШ, а РФМ ќе аплизира и за Еурофарм Пелистер. Металург и Бутел Скопје ќе играат во Лига Европа.
OhridNews