Вепар капиталец, тежок преку 200 килограми улови тајфата на Благоја Блажески во атарот на с. Злести-охридско. Ловџиите ни раскажаа дека овој вепар го „бркале“ неколку години и дека ова диво животно е меѓу најголемите кои биле уловено во охридско. Големиот улов се случи на почетокот од ловната сезона која стартуваше деновиве.
И додека ловците уживаат во своето хоби, се погласни се размислувањата на друштвата за заштита на животните кои сметаат дека ловот на дивеч треба да биде целосно забранет во сите форми, а животните да се стават под посебна заштита.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com