Низ охридската Гимназија, сега СУЦ “Свети Климент Охридски”, поминале генерации и генерации ученици.
Од оваа реномирана образовна институција, произлегле бројни имиња, кои оставиле печат во науката, образованието, културата и уметноста, новинарството, политиката…
Вообичаено, јуни е месец на прослави на годишнини од матурирањето.
“Сезоната”, утре, со собир и свечена закуска во ресторанот на Четкар во “Биљанини извори”, ќе ја отворат матурантите од првата повоена генарација, кои слават 60 години од матурирањето.
Мегу нив е и познатиот општествено политички работник, охриганецот Ахил Тунте, кој, во клучниот период на нашата земја, кога се осамостојуваше во деведесеттите години на, сега, веќе, минатиот век, работеше како советник во Кабинетот на првиот претседател на самостојна и независна Република Македонија, Киро Глигоров.
Ахил Тунте, со Киро Глигоров, го “прогрме”, испраќањето со “сиктер кафе” на поранешната ЈНА. Од претседателот Глигоров, со кого пријателствувавме во период од неколку децении, запаметив една анегдота.
Познато е дека ЈНА, заминуваше не само со вооружувањето, туку и со откорнатите штекери од “спаваниоците”!
На последниот состанок на “сиктер кафето”, генерал Аџиќ, го прашал Глигоров, дали Македонија навистина, ќе дозволи тие да понесат се со себе!?
Не само што ќе ви деозволиме, туку и со кафе ќе ве испратиме, му рекол “стариот лисец”.
Така и беше. Република Македонмија, доби независност и самостојност, без испукан куршум, а потоа, Глигоров се обрати како претседател на новата држава, макар и со референцата ПЈРМ, од Пленарната сала на “Ист Ривер” (ООН).
Со Ахил Тунте, уште една лична анегдота. Кога го основав “Супер Радио”, првото, или едно од првите комерцијални во независна Република Македонија, и кога тоа беше “Малиот ББЦ од Балканот”, од “свои извори” (незнам зошто, на Википедија замене беше напишале: “Човекот што знае премногу!?), дознав за тајната посета на Слободан Милошевиќ.
Се јавив во вилата “Биљана”, кај Ахил Тунте. При првото јавување, елегантно, ме “откачи”, отприлика: “Како можело да ми падне такво нешто на памет!?”. Незнам што ми рече на второто јавување, а веќе на третото јавување (досадување!) ми рече, онака по охридски: “Прај што знајш!?
И го направив она што најубаво гознаев: Ја провалив тајноста, веста го обиколи светот, “Франс Прес” не почести (“Мали ББЦ од Балканот”), а од предупредувањето дека “Претседателот ќе ми се налути”, не бидна ништо. Глигоров едноставно им рекол: “Секој нека си ја работи својата работа”. Останавме пријатели допоследен момент.
Толку за првата повоена гимназиска генерација и за мојот “информатор” по овој повод, Ахил Тунте.
После нив, “сезоната” ќе ја пропдолжат матурантите од генерација 1982/83, кои одбележуваат 35 години од матура . Тие ќе слават на 02.06.2018 година: Школски час во просториите на гимназијата со почеток во 14 часот.
и Свечена вечера во хотел „Гарден“ во Охрид со почеток во 20 часот.
И на крајот, пак,ќе бидам личен и во прво лице: Веќе на 9 јуни, славиме ние, од “славната” генерација од 1968 година. Со Школски час во просториите на гимназијата со почеток во 10 часот.
Ќе ни биде драго ако ни се придружат и нашите професорки: Рада Спироска од Белград и мојата најдрага – Зоре Патчева, кај која матурирав со тема за поезијата на Владимир Назор.
Веле Митаноски
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите