Кивите се овошје кое и тоа како успева кај нас. Пред повеќе од 15 години во Македонија започна “експериментирањето” со киви, кое се покажа мошне успешно. Денес речиси нема двор во кој нема киви.


Сега е периодот за берба на кивите. Се складираат на собна температура, подалеку од сончева светлина и топлина, односно во темна просторија.

Доколку купувате киви, треба да знаете дека умерено-меките киви се зрели, готови за јадење, а тврдите киви може да траат повеќе. Со оставање на собна температура може да созреат за 3 до 5 дена. Избегнувајте ги премногу меките киви, кивите со набрана кора и кивите со темни дамки.


По потекло кивите се од Кина. На почетокот на 20-от век мисионерите ги пренеле во Нов Зеланд од каде подоцна се прошируваат низ целиот свет. Во Кина се викаат „Yang Tao“, латинско име  им е „actinidia deliciosa“, а англиското име „kiwifruit“. Името го добиле од кафеавата новозеландска мала птица киви, која е национален симбол на земјата.

Моментално Италија е водечки производител на киви во светот, потоа следат Нов Зеланд, Чиле, Франција, Јапонија и САД.

Васко Бујароски