Охриѓанецот Димитар Камнаровски со вкупно 14 златни, 4 сребрени и 4 бронзени медали ја заврши сезоната во холандското првенство.


На последниот натпревар одржан викендов Димитар беше дел клупската штафета која победи во трката 4 Х 50 слободен стил со време со време 40.97 сек, додека во трката на 50 м грбно оствари време 40.01 сек.


Спидо финалето е на 5 и 6 Јуни во Ландграф, додека на 4 и 5 јули е холандското државно финале во Амстердам.

Ohridnews