Екипата на Севиља триумфираше во шпанското финале во купот на УЕФА што се одигра на Хемпден парк стадионот во Глазгов, совладувајќи го Еспањол во драматичен натпревар дури по изведувањето на пеналите со 3:1. Во регуларниот дел беше 1:1, а по двете продолженија 2:2.

Севиља два пати водеше, Адријано 18 и Кануте 105 минута, но Еспањол кој од 68 минута играче со фудбалер помалку, исклучен беше Навас,  два пати се враќаше во игра, Риера 28 и Џонатас 115 минута. Во пенал рулетот голманот на Севиља одбрани три удари од белата точка за големо славје на навивачите на Севиља.


јунак на финалето-Палоп

Со победата во 49 финале на купот на УЕФА, Севиља ја одбрани титулата освоена минатата година кога во финалето го декласираше  Мидлсбро со 4:0, а тренерот на андалузијците Рамос, стана прв тренер во историјата на ова натпреварување што два пати едно по друго со ист тим триумфирал во финалето.

Г. Момироски