Актуелниот шампион на Европа, Ливерпул доживеа нов неуспех во подготвителните натпревари во пресрет на новата сезоната претрпувајќи пораз од Севиља 2-1 во мечот кој го одиграа во Бостон.

Во репризата од финалето во Лигата на Европа пред три сезони Севиља повторно славеше и не му даде прилика на Ливерпул за реванш. Шпанците до победата стигнаа со гол во финишот иако имаа фудбалер помалку. Севиља поведе со 1-0 преку Нолито, а до крајот на првиот дел англичаните изедначија со голот на Ориги. Во 76-та минута Севиља остана со играч помалку после директниот црвен картон на Жорис Гњањон кој стартуваше не спортски и не промислено. Играчкиот дефицит не ја поколеба Севиља која со голот Александар Позо во судиското продолжение стигна до победата.

Ливерпул следната недела ќе се комплетира кога на тимот ќе му се приклучат Роберто Фирмино, Садио Мане и Мо Салах кои имаа репрезентивни обврски и тогаш се очекува „црвените“ да го покажат вистинското лице.

OhridNews