Шпанската Ла лига, синоќа, имаше официјален рестарт со градското дерби помеѓу Севиља и Бетис. На победата и бодовите им се израдуваа фудбалерите на Севиља, кои, триумифирааа со 2-0.

Домашните фудбалери погодоците за победа ги постигнаа во вториот дел, откако мрежите и покрај допадливата игра мируваа во првиот дел. Резултатот го откри Лукас Окампос кој во 56-та минута прецизно биеше од белата точка. Шест минути подоцна Фернандо после асистанција на Окампос постигна погодок и ја завери победата.

Вечерва во продолжението од Примера дивизион силите ќе ги одмерат Гранада – Гетафе односно Валенсија – Леванте.

OhridNews