Севернокорејската армија во четвртокот по локално време, објави дека го добила завршното одобрување за покренување воени операции против САД, вклучувајќи и нуклеарни напади, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА, пренесува „Макфакс“.

Официјално ја известивме Белата куќа и Пентагон дека сѐ посилната непријателска политика кон Демократска Народна Република Кореја и нејзините нуклеарни закани ќе бидат скршени… со помали и пораширени средства за нуклеарни напади.” – јавила КЦНА чијашто информација од соопштението на севернокорејската армија на англиски јазик ја пренесува АФП.

 „Немилосрдната операција на севернокорејските сили е дефинитивно разгледана и потврдена.” – се додава во соопштението на агенцијата.

Инаку, во последниве неколку денови се заостри политиката помеѓу Пјонгјанг, Сеул и Вашингтон.

OhridNews

извор: „Макфакс“