Северна Кореја ја лансираше ракетата со долг дострел и покрај санкциите од Обединетите нации кои ѝ забрануваат употреба на балистичка ракетна технологија, објавија  јужнокорејското министерство за одбрана и јапонската влада. Северна Кореја ги извести соодветните агенции на Обединетите нации дека планира да лансира ракета која со себе во орбитата ќе искачи сателит за набљудување на Земјата, во периодот меѓу 8-ми и 25-ти февруари, но во саботата ја промени одлуката за 7-ми и 14-ти февруари, а експертите претпоставија дека лансирањето ќе следи веќе во недела.

Тоа предизвика жестоки реакции од Јужна Кореја и Јапонија, која распореди и разурнувачи во Кинеското Источно Море за соборување на ракетата доколку претставува опасност за јапонската територија, како и на новиот сојузник САД, кои сметаат дека станува збор за тестирање на балистички проектил со долг дострел кој може да понесе нуклеарна боева глава и да достигне до американските брегови.

Јапонските медиуми објавија дека ракетата била лансирана кон југ, како што било планирано, и оти го надлетала јужниот јапонски остров Окинава. Потоа траекторијата на летот претпоставува прелет во близина на островот Сакишима, а откако првата фаза паднала кај јужнокорејскиот брег, втората фаза од ракетата треба да падне во Тихиот Океан во водите на Филипини, според податоците што Пјонгјанг ги доставил до Меѓународната унија за телекомуникации и Меѓународната поморска организација.Пјонгјанг го извршил лансирањето на проектилот со долг дострел од полигонот за тестирања Сохеи во северозападниот дел на Северна Кореја. Лансирањето се случило во 9,31 часот по локално време, односно 1,16 часот во неделата по македонско време, објави јапонската влада преку системот за предупредување.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја објави дека првата фаза од балистичкиот проектил паднал во Жолтото Море, во близина на јужнокорејскиот брег. Според податоците на министерството, неколку минути подоцна во областа на јужнокорејскиот остров Чеџудо се урнал елемент од заштитниот екран, кој се инсталира околу сателитот.

Елементи од проектилот не предизвикале никакви штети на територијата на Јапонија, изјави на вонредната прес-конференција генералниот секретар на јапонската влада Есихиде Суга. „До моментов елементи од ракетата не паднале на наша територија“, рече Суга. Поради тоа јапонското министерство за одбрана не преземало дејствија за пресретнување на севернокорејскиот проектил или уништување во воздух на неговите елементи, додал министерот за одбрана Гин Накатани, потврдувајќи дека тој веќе минал низ воздушниот простор над архипелагот Сакишима.

Досега Северна Кореја покажа две верзии на балистички ракети кои се слични на типот кој може да го достигне Западниот брег на САД, односно имаат дострел од 10.000 километри, но досега нема докази дека тестирала такви проектили.

OhridNews
извор Макфакс