Севернокорејското Министерство за надворешни работи и предложило на Русија да ја разгледа можноста за евакуација на своите дипломати од Северна Кореја, заради тензичната ситуација на Корејскиот полуостров, пренесува „макфакс“.
Ова го соопшти портпаролот на руската амбасада во Пјонгјанг Денис Самсонов, цитиран од агенцијата Интерфакс.
Руското Министерство за надворешни работи и предложило на амбасадата на Русија во Пјонгјанг и на другите дипломатски мисии да го евакуираат нивниот персонал од Северна Кореја. Засега не е донесена одлука за евакуација.
OhridNews
извор: „Макфакс“