Се стравува дека повеќе од 200 луѓе загинале во инцидент што се случил на платформа за тестирање нуклеарно оружје во Северна Кореја. Ова го пренесуваат јапонските медиуми кои наведуваат дека работниците се наоѓале во тунел во близина на платформата Пунџе Ри кој се урнал на нив.

Во првичниот извештај се наведува дека околу сто луѓе биле заробени во тунелот, како и дека уште стотина настрадале откако се обиделе да им помогнат на своите колеги.

Јужнокорејската агенција „Јонхап“ потврдува дека се случил инцидентот, но не соопштува подетални информации.

OhridNews
Макфакс