Поради новата љубовна врска со 15 години помладиот Игор Којич, Северина се повеќе време поминува во соседна Србија и како што изјави неодамна, многу веројатно е дека наскоро ќе се омажи.
„Ноември е баш убав месец“ – одговорила Северина на новинарско прашање од Првата српска телевизија за тоа кога планира да се венчава со младиот спортски менаџер, Игор Којич.
Заљубениот пар неодамна се врати од Ибица каде добро се одмориле и се вратија полни со енергија и мошне позитивни впечатоци. Освен венчавката со Игор, Северина планира да издаде и нов албум на кој ќе се посвети периодов.
извор:www.tportal.hr