Помина точно една седмица од сообраќајната незгода што се случи на крстосницата кај „Охридија“. За среќа заврши без посериозни последици, а беше причинета само материјална штета, настрада семафорот кој цела седмица, па и денес виси.

Навистина е штета на една ваква крстосница, која во шпицот на туристичката сезона е  најфрекфентна во Охрид, да се види една ваква слика од страна на туристите.

На оваа крстосница постојано се случуваат сообраќајни незгоди, кои за среќа најчесто поминуваат без човечки жртви.

Васко Бујароски