Кучето Фреди е високо 2,24 метри кога ќе се исправи на задните нозе. Иако официјалното мерење сеуште не е извршено, јасно е дека Фреди е највисоко куче во Велика Британија. Клер Стомен од Есекс, сопственичката на кучето, вели дека и покрај неговата големина тој сеуште е нејзино бебе. Не може да го замисли животот без него.
Фреди неделно јаде храна во вредност од 100 евра, а за 18 месеци уништил 14 софи. Клер додала дека ќе и недостига неговата разиграност кога ќе стане повозрасен, но нема да и недостига уништувањето на софите. Тој е сеуште млад, речиси кутре, така да би можел да порасне во уште поголемо куче.