Се уште е активен пожарот на Галичица и на македонска и на албанска страна. Како што информираа од ЦУК во овие 4 дена експодирале 20 мини, гранати, остатоци најверојатно од Првата светска војна.Според сознанија на ЦУК пожарот е подметнат.
Во овој момент гори сува трева и ниска вегетација и пожарот не се движи кон пошумениот дел.
Сега за сега не се планира летало за гаснење на пожарот. Во случај пожарот да навлезе во подлабоката шума тимови од НП „Галичица“, ТППЕ Охрид, по потреба од Дирекцијата за заштита и спасување ќе направат појас на теренот каде што е пристапен и каде што нема опасност од експлозивни средства.
OhridNews