Јужнокорејскиот министер за надворешни работи изјави дека е тешко да се поверува дека нуклеарната направа којашто ја тестирала Северна Кореја била токму хидрогенска бомба, додека Кина, која е единствениот сојузник на режимот во Пјонгјанг преку дипломатијата објави дека Пекинг не бил предупреден за тестирањето на „малата хидрогенска направа“, порачувајќи дека е цврсто против таквата акција.Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, на редовната прес-конференција во Пекинг за новинарите изјави дека Кина ќе работи заедно со меѓународната заедница на денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
Кинезите коишто живеат во близина на границата со Северна Кореја, биле евакуирани по објавата за нуклеарното тестирање од страна на Пјонгјанг, а Пекинг не бил предупреден за тестот.Јужна Кореја веднаш го осуди тестирањето на соседот, но смета дека тешко може да се поверува оти станува збор токму за хидрогенска бомба, за која Северна Кореја тврди дека ги унапредила своите воени потенцијали.
„Севернокорејската провокација е јасно кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и сериозен предизвик за меѓународниот мир и безбедност“, порача заемникот на шефот на јужнокорејската дипломатија, Лим Сунг Нам.Во меѓувреме од сите страни на светот пристигнаа осуди за севернокорејското тестирање на нуклеарната бомба, при што големите сили предупредуваат дека станува збор за загрозување на безбедноста на регионот и кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Северна Кореја првпат објави дека создала нуклеарно оружје во 2005 година, а кога беа изразени сомневања досега изведе три нуклеарни тестирања. Пјонгјанг тврди дека таквите активности се преземаат поради заштита од „заканата“ од САД и за да не стане „втор Ирак“.
Објавувањето за новото тестирање, овојпат на хидрогенска бомба, следеше по соопштението за севернокорејското лансирање на балистичка ракета од подморница во Јапонското Море.Ова тестирање следеше по друго во Северна Кореја од 28-ми ноември, коешто наводно завршило со хаварија и оштетување на подморницата „Коре“ (кит).
OhridNews
извор Макфакс