Амбициите на Барселона за освојување на титули доживеаја тежок удар. Каталонците во 1/4 финалето ја завршија одисејата во Купот на Шпанија. Кобен ривал беше составот на Атлетик Билбао кој пред своите гледачи славеше со минимални 1-0 и се пласираш помеѓу најдобрите четири. Баскијците погодокот за победа го постигнаа во третата минута од судиското продолжение.
Фудбалот понекогаш не е праведен. Тие од една полуприлика постигнаа погодок, а ние не успеавме тоа да го направиме од 3-4 одлични шанси за гол. Работиме напорно на тренинзите, но натпреварите покажуваат друга слика. Ќе мора да промениме нешто, а што ќе биде тоа ќе покаже времето. Не сум загрижен за самодовербата после елиминацијата. Чувствувам дека енергијата е добра во нашиот состав и нема простор за загриженост. – изјави тренерот на Барселона, Кике Сетијен.
На Барселона не и преостанува ништо друго освен да се екипира и да ги „нападне“ трофеите во националниот шампионат и Лигата на Шампиони.
OhridNews