Крис Џенер, мајката на познатите сестри Кардашиан, заедно со своите две најмлади ќерки Кендал и Кајли привлекла најголемо внимание на модната ревија пред неколку дена во Њујорк. Крис и нејзините ќерки биле специјални гости на модната ревија “The Heart Truth’s Red Dress Collection”, а медиумите веќе одамна пишуваат дека Кендал и Кајли ќе ги засенат своите пославни сестри Ким, Клои и Кортни Кардашиан.
Сите дами кои учествувале таа ноќ на ревијата, носеле црвени фустани, а ги предводела токму Крис Џенер. Кендал и Кајли инаку имаат своја модна линија и за разлика од своите постари сестри немаат проблеми со вишокот килограми, па многу модни куќи ги ангажираат да бидат нивни заштитни лица.