Старлетата Ким Кардашиан и нејзините сестри Клои и Кортни биле тужени поради лажно рекламирање на таблети за слабеење. Тужбата против сестрите и компанијата која ги произведувала таблетите, “QuickTrim”, била поднесена од четворица поранешни корисници на производот кои бараат оштета во износ од пет милиони долари. Тие истакнале дека тврдењата изнесени во рекламата во која се појавувале сестрите биле лажни и непоткрепени.
Главната состојка на таблетите бил кофеинот со додаток на мешавина од треви чија ефикасност никогаш не била клинички докажана. Учеството во рекламни кампањи е еден од главните извори на приход на семејството Кардашиан, чиј имот се проценува на 65 милиони долари. Ова не е прв пат тие да се тужени поради лош маркетинг. Агенцијата Ројтерс потсетила дека на почетокот на минатата година трите сестри и нивната мајка Крис Џенер биле тужени од компанија за кредитни картички која поради предвременото раскинување на договорот од нив барала оштета од 75 милиони долари.